Пјонгјанг: Не ни требаат преговори со Вашингтон

Од:

Првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореја, Чои Сон Хи, во врска со информациите за евентуална средба на врвот во САД, изјави дека на Пјонгјанг не му требаат разговори со американската страна, се наведува во денешното соопштение објавено од агенцијата КЦТА.

Севернокорејскиот висок претставник нагласи дека Вашингтон размислува за дијалог со Пјонгјанг само со цел решавање на внатрешните проблеми во САД.

„Нема потреба да седнеме на иста маса со САД, кои го сметаат корејско-американскиот дијалог единствено како инструмент за решавање на нивната политичка криза“, истакна Чои Сон Хи.

Тој додаде дека Северна Кореја подготвила детален „стратешки пакет од мерки како одговор на долгорочните закани од страна на САД“, но не прецизирал за какви одлуки станува збор.

На 30 јуни јужнокорејската телевизиска станица КБС објави дека американскиот заменик државен секретар и специјален пратеник на САД за Северна Кореја, Стивен Биган изјавил на видео конференција во Вашингтон дека средба меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг-ун веројатно нема да се одржи пред претседателските избори закажани во ноември во САД. Подоцна, јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин изјави дека очекува нова средба меѓу Трамп и Ким пред изборите во САД. Корејскиот министер за надворешни работи Канг Гјон Хва потврди дека Сеул и Вашингтон имаат контакти на различни нивоа околу тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Севернокорејскиот лидер испраќа помош во град што е во карантин

А1он

СЗО: Во Северна Кореја се тестирани над илјада луѓе, нема заразени со Ковид-19

Ана Ололовска

Северна Кореја тестираше уште една крстосувачка ракета

Ана Ололовска

Ким: Нуклеарното оружје ја гарантира безбедноста и идината на Северна Кореја

Ана Ололовска

Ким одбележа 67 години од завршување на Корејската војна

Ана Ололовска

Првиот наводно позитивен случај на Ковид-19 во Северна Кореја не е инфициран

Ана Ололовска