Пјонгјанг: Додека САД и Јужна Кореја се закануваат, ние ја зајакнуваме нуклеарната одбрана

Од:

Северна Кореја денеска повторно предупреди дека ќе ги зајакнува своите нуклеарни одбранбени капацитети поради „воените закани“ на САД и „конфронтирачката политика“ на Јужна Кореја.

Државниот весник на Северна Кореја „Родонг шинмун“ наведува дека „непромислените“ маневри на САД и Јужна Кореја можат да поттикнат нуклеарна војна во било кој момент.

– Се додека САД и неговата марионета Јужна Кореја продолжуваат со нуклеарни и воени закани кон нас, ние ќе ја јакнеме нуклеарната одбрана со сите можни средства, се додава во весникот на севернокорејската Работничка партија.

Текстот во „Родонг шинмун“ е објавен по повод 13. години од потпишувањето на заедничката декларација на лидерите на Северна и Јужна Кореја, на 15. јуни 2000 година, во која се утврдени основите за помирување и приближување на двете земји на Корејскиот полуостров.

Би можело да ве интересира

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња

Полицијата изврши претрес во седиштето на корејското БМВ

Наум Локоски

Средбата на лидерите на двете Кореи договорена за 27 април

Ана Ололовска

Пјонгјанг: Трите носачи на авиони на САД кај Корејскиот Полуостров туркаат кон нуклеарна војна

Ана Ололовска

Leave a Comment

7 + twenty =