Писмо до најбогатиот човек во светот: „Зголеми ги платите и плаќај повеќе даноци“

Од:

Околу 400 светски политичари му упатија писмо на најбогатиот човек во светот, сопственикот на Амазон, Џеф Безос во кое бараат компанијата да ги промени работните политики, а тој да се однесува како глобален корпоративен граѓанин. Во писмото до Безос чие богатсво се проценува на 185 милијарди долари, лидерите му порачуваат дека е „познато оти компанијата може да си дозволи повисоки плати, повеќе пари за заштита на околината како и за даноци“.

Меѓу потписниците се американските конгресменки Илхан Омар и Рашида Тлаиб, потпреседателката на Европскиот парламент Хајди Хаутала како и членови на парламентот на Велика Британија и политички личности од Турција, Франција и Грција.

Тие истакнуваат дека богатството на Безос драстично се зголемило за време на пандемијата затоа што потрошувачите се снабдуваат преку интернет во многу поголем бројот отколку порано. Амазон доби и сериозни критики за висината на платените даноци.

Компанијата пак одговори дека прашањата отворени во писмото произлегуваат од лажните тврдења на погрешно информирани групи на моќ кои како што велат од Амазон ја користат репутацијата на компанијата за за си го зголемат личното влијание.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

Орце Костов

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници