Писма за недоверба кон Џонсон предале 11 конзервативни пратеници

Од:

Единаесет пратеници од Конзервативната партија на британскиот премиер, Борис Џонсон, утринава му предале писма во кои изразуваат недоверба кон него, јави Телеграф.

„Утрово, 11 членови на Конзервативната партија кои ги освоија своите места на изборите во 2019 година, му врачија писма на недоверба на Борис Џонсон“, напиша на Твитер новинарот Кристофер Хоуп, од Дејли Телеграф.

Според Телеграф, 20 пратеници имаат намера да му предадат писма за недоверба на премиерот, но за гласање недоверба на Џонсон потребна е поддршка од 54 пратеници.

Откако победи на изборите во 2019 година со најимпресивната победа во последните повеќе од 30 години за да го спроведе Брегзит, Џонсон е на работ на гласање за недоверба по лутите реакции од неговите конзервативци поради тврдењата дека забавите за карантин се одржувале во резиденцијата на премиерот.

Џонсон вчера ги отфрли обвинувањата од неговиот поранешен советник дека го лажел парламентот за забавата за време на карантинот, велејќи дека никој не го информирал дека пиењето може да биде спротивно на правилата наметнати поради Ковид-19.

Политичката аналитичарка на Би-Би-Си, Лаура Куенсберг, која смета дека е можно да се зголеми бројот на 54, пишува и дека се зголемува бројот на конзервативни пратеници кои се незадоволни од раководството на државата на Џонсон.

Главни ривали на Џонсон во партијата се министерот за финансии Риши Сунак (41) и министерката за надворешни работи Лиз Трус (46).

Опозицијата тврди дека Џонсон е сериски лажго и го повикува да се повлече.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он