Писма со закани до експертите за Ковид-19 во Холандија

Од:

Неколку членови на група научници кои ја советуваат холандската Влада да управува со пандемијата на Ковид-19 добиле заканувачки писма, објавија локалните медиуми.

Бројни експерти од научниот комитет ОМТ откриле дека заканувачките писма биле ставени во поштенските сандачиња во нивните домови.

Членот на комисијата Андреас Фос изјави дека во пораката е наречен „страшен мајмун“ и дека го повикуваат да се врати во Германија.

Друг експерт на ОМТ, Дидерик Гомерс рече дека еден од неговите колеги бил под полициска заштита по „сериозни закани“.

Некои членови на комитетот велат дека се толку загрижени за заканите што сега не сакаат да зборуваат пред медиумите за Ковид-19.

Групите кои се спротивставуваат на ограничувањата за контрола на заразата протестираат во Холандија од избувнувањето на коронавирусот. Сепак, досега не е докажана врска меѓу демонстрантите и заканите кон стручната комисија, а никој од членовите не зборуваше за можниот извор на заканите.

Во октомври, холандскиот шеф за борба против тероризам издаде документ со предупредување за потенцијално насилство како резултат на „комбинација на екстремистичка идеологија, можни психосоцијални и психолошки проблеми и мерки поврзани со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Уапсени и казнети тројца Грци- одбиле да им се направи рапид тест при влез во Грција

Ана Ололовска

ЕУ грантови од 70 милиони евра за Западен Балкан за вакцини против Ковид-19

Ана Ололовска

Варвициотис за вакцините за Западен Балкан: Важно е успесите на ЕУ да ги споделиме со пријателите и соседите

Ана Ололовска

Можно продолжување на строгите мерки во Германија и во февруари

Ана Ололовска

Музеите во „жолтите зони“ повторно отворени во Италија

Ана Ололовска

Кина седми ден по ред има повеќе од 100 случаи, градовите започнаа со масовно тестирање на населението

Ана Ололовска