Писма со рицин испратени до Пентагон и до сенаторот Тед Круз

Од:

Обезбедувањето во Пентагон прогласило тревога во службата за прием на пратки, откако пристигнале неколку коверти кои содржеле траги од отровот рицин.

Специјални полициски тимови денеска интервенирале и во Хјустон, во Изборниот штаб на републиканскиот сенатор Тед Круз, каде пристигнало писмо со бел прав, за кој се испитува дали е отров.

Пентагон соопшти дека Федералното истражно биро (ФБИ) врши истрага за тоа кој ги пратил писмата со отров.

Засега нема информации дали некој се затрул во инцидентот во Вашингтон, додека во Хјустон, две лица ангажирани во штабот на Круз биле хоспитализирани како мерка на претпазливост, додека да се утврди за коков прав станува збор.

Во 2001 година пет лица починаа, а 11 беа затруени кога серија писма кои го содржеа отровот антракс беа испратени на адреси на конгрсмени. По овие напади, повеќето јавни институции во САД воведоа системи за проверка на писмата и пратките пред нивно отварање

Би можело да ве интересира

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан

Волстрит журнал: САД призна дека на Пентагон му снемуваат пари за вооружување на Киев

Горан Наумовски

Пентагон: Спречен е поширок конфликт во регионот

Пентагон: Украина стана воена лабораторија

22 години затвор за жената која му испрати отровно писмо на Трамп