Пирло: Немаме проблем да го играме натпреварот со Наполи

Од:

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло рече дека неговиот тим нема ништо против да го одигра дулеот со Наполи кој со службени 3:0 му беше доделен на Наполи.

– Немаме проблем да играме со Наполи. Повеќе сум вознемирен за оние тимови кои играа и гостуваа со многу поголем број позитивни случаи. Тие делуваа праведно, играјќи ослабени. Нема да кажам дали оваа одлука е правилна или не, но е нефер во однос на тимовите кои играа во многу потешки околности и со скратен ростер, вели Пирло за „Ла Газета дело Спорт“.

Советот за праведност во спортот донесе одлука да се преигра натпреварот од 3. коло на Серија А меѓу Јувентус и Наполи, кој не се одржа поради отсуство на гостинскиот тим. Тогаш играчите од Неапол добија технички пораз Италијанските фудбалски власти и му беше одземен еден бод на тимот.

Причината за отсуството на Наполи беше забраната на медицинскиот орган на Неапол. По откривањето на коронавирусот во тимот, на играчите не им беше дозволено да го напуштат градот.

Новиот датум на средбата ќе биде објавен подоцна.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска