Пињеиро: Не сме во состојба да кажеме кој користел хемиско оружје

Од:

Претседателот на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за Сирија, Пауло Пињеиро вели дека се уште не е можно да се каже кој во судирите во Сирија употребувал хемиско оружје.

Тој не сака да ги коментира доказите кои што им ги доставија САД, Велика Британија и Франција на експертите на ОН, според кои силите на сирискиот претседател Башар ал Асад користеле хемиско оружје, пренесе „Франс прес“.

-Ние не сме во состојба да кажеме кој употребил хемиски средства или оружје, но сме загрижени поради ланецот надзори над супстанците- изјави Пињеиро.

Тимот од експерти кој што го постави светската организација наведе дека им е потребен пристап во Сирија, за да утврдат каде е користено хемиското оружје.

„Франс прес“ подсетува дека сириската влада одбива на експертите на ОН да им обезбеди влез во Сирија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети

ВИДЕО: Израелците ракетираа град во Сирија

Катерина Ѓуровски

Нападната е американска воена база во источна Сирија

Горан Наумовски