Пинцот Чарлс земал пари од руски офшор компании

Од:

Руска инвестициска банка, со чиј шеф се сретнал принцот Чарлс, управувала со мрежа офшор компании преку кои од Русија биле изнесени милијарди долари.

Како што јави Би-Би-Си, се работи за олигархот Рубен Варданјан, поранешен шеф на инвестициската банка “Тројка Дијалог”.

Парите, кои доаѓале од офшор сметки, биле насочувани и кон Добротворната фондација на велшкиот принц за реставрација на историскиот дворец Дамфри хаус во Шкотска.

Претставници на Фондацијата соопштија дека темелно ги проверувале донациите од Варданјан, при што е утврдено дека се е во ред.

Мрежата од над 70 офшор компании беше откриена при протекување на информации за 1,3 милиони банкарски трансакции, до кои доби пристап Центарот за истражување корупција и организиран криминал. Организацијата обезбеди пристап до документите и на новинари од Би-Би-Си и Гардијан.

Утврдено е дека во периодот меѓу 2009 и 2011 година Добротворната фондација на велшкиот принц добила три исплати со вкупна сума од 202.000 долари преку литванската банка Укио, која беше затворена во 2013 година. Плаќањата доаѓале од компанијата „Квантус Дивижн Лтд“ (Quantus Division Ltd), која, според објавените документи, била дел од мрежа офшор компании кои се користече за изнесување на милијарди долари од Русија.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски