Петте клучни министри остануваат и во новата Влада на Меј

Од:

Петте клучни министри во досегашната Влада на британската премиерка Тереза Меј ќе ги задржат своите функции и во нејзиниот нов Кабинет, соопшти вечерва Дауниг Стрит 10.

Во соопштението се посочува дека на своите функции во новата Влада остануваат министрите за финансии Филип Хамонд, за надворешни работи Борис Џонсон, за внатрешни работи Амбер Рад, за одбрана Мајкл Фалон и за Брегзит Дејвид Дејвис.

Дауниг Стрит 10 информира дека денеска нема да бидат објавени другите членови на идната Влада, која Меј ќе ја формира по вчерашните предвремени парламентарни избори, на кои нејзината Конзервативна партија освои најголем број пратеници, но го загуби мнозинството во Долниот дом на британскиот Парламент.

Останувањето на Хамонд во новата Влада се оценува како изнадување, имајќи пред вид дека пред изборите лондонските медиуми повикувајќи се на партиски извори, најавуваа дека тој најверојатно нема да ја задржи функцијата во идниот Кабинет.

Меј денеска најави дека иако нејзината партија го загуби мнозинството во Парламентот, таа ќе формира малцинска Влада со поддршка на северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП), која освои 10 пратеници,

Претставник на ДУП од своја страна изјави дека ќе преговараат со конзервативците за поддршка на Владата, но не ги соопшти нивните барања.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници