Петнаесет години затвор поради ширење на лажни вести за руската армијата

Од:

По Думата и Горниот дом на рускиот Парламент денеска ја изгласа предлог-законот, со кој се предвидува затворска казна до 15 години за намерно ширење на лажни информации за руската армија.

Законот ќе стапи во сила кога ќе го потпише претседателот на Русија, Владимир Путин. Се претпоставува дека Путин набрзо ќе го потпише законот.

Според официјална Москва, со законот ќе се возврати нападот во „информациската војна“, што Западот ја води против Русија поради инвазијата врз Украина.

Руски претставници повеќепати повторуваа дека руските непријатели, како САД и нивните сојузници шират лажни инфорамции во обид да го поделат рускиот народ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

УЕФА ги враќа руските клубови во европските натпреварувања

Русија за протерувањето на свештениците од Бугарија: Провокација по евроатлантските насоки за која ќе има одговор

Русија: На наша територија се урна бомбардер Су-34

ВИДЕО: Драматично слетување во поле на руски патнички авион

Катерина Ѓуровски

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Ким Џонг Ун патува во Русија