Петнаесет години од цунамито во Индиски Океан

Од:

Ширум Азија денеска се одбележува 15-годишнината од цунамито во Индиски Океан, оддадена е почит на 230.000 жртви, што е една од најсмртоносните катастрофи во историјата на човештвото.

На денешен ден во 2004 година земјотрес со интензитет од 9,1 степени со епицентар во близина на островот Суматра предизвика големи бранови со висина до 17,5 метри кои удрија во брегот на Индонезија, Шри Ланка, Индија, Тајланд и девет други земји, оставајќи зад себе пустош.

Комеморација е одржана и во индонезиската провинција Ацех, каде цели села беа сравнети со земја, а над 125.000 луѓе исчезнаа во огромните бранови.

Меморијалната церемонија имаше и на Тајланд, каде загинаа повеќе од 5.300 лица. Додека преживеаните од рибарското село Бан Нам Кем, што беше најпогодено од цунамито, при што загинаа 1.400 луѓе вечерва ќе ја одбележи годишнината со запалени свеќи.

Во Индија, каде загинаа повеќе од 10.000 луѓе, преживеаните исто така планираат меморијални церемонии.

Во Шри Ланка загинаа 35.000 лица.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка