Петмина загинати во протестите во Индија

Од:

Пет луѓе загинаа при денешните протести во Индија, со што вкупниот број на жртви се искачи на 14 откако минатата недела почнаа протестите против законот за државјанство.

Денешните жртви се во индиската сојузна држава Утар Прадеш.

Противниците на Законот за државјанство тврдат дека тоа претставува продолжување на националистичката политика на премиерот Нарендра Моди и оти неговата Влада на тој начин се обидува да ја приближи Индија до хиндуистичка земја, задавајќи голем удар врз долгогодишната посветеност на Индија за секуларна демократија.

За да се задушат протестите, властите блокираа патишта, го прекинаа интернетот и телефонските комуникации и ги заострија ограничувањата за демонстрациите во државата Асам во североисточна Индија, каде започнаа протестите минатата недела, откако Парламентот на 11 декември го усвои спорниот Закон.

Новиот Закон важи за хиндусите, христијаните, сиките, будистите, парсите и џаинистите, кои се нелегални во Индија, а во земјата се откако избегале од прогонствата во Бангладеш, Пакистан или Авганистан, земји со мнозинство муслимани. Законот не важи за припадници на муслиманските малцинства како рохинџи, кои беа прогонувани од соседен Мјанмар.

Би можело да ве интересира

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка

Пет лица загинаа во пожар во индиска фабрика за парфеми, девет се водат како исчезнати