Петмина загинати Иранци во пожар во Комо

Од:

Во пожар што рано утринава изби во станбена зграда во иранскиот град Комо починале најмалку пет лица , меѓу кои и едно двегодишно дете, а 38 лица се поврдени.

Засега не се знае што е причината за појава на пламенот во зградата со 228 станови во светиот град Комо, јавија американските медиуми.

Според пртвичните извештаи, двајца мажи и две жени починале од вдишување чад во ходникот од зградата додека се обидувале да побегнат од пламените јазици, а детето починало во болница.

Пожарникарите евекуирале 160 лица кои биле заробени во своите станови кога пожарот избил околу 3 часот утринава.

Телевизиите соопштуваат дека во пожарот се уништени речиси сите автомобили во гаражата од станбената зграда.

Комо, каде  доаѓаат верници привлечени од познатото шиитско светилиште, беше центарот на заразата од коорнавирусот во Иран, со досега 63 потврдени случиа на заразени.

Иран со новиот вирус е најтешко погодената земја на Блискиот Исток,  а бројот на смртни случаи денеска достигна 34, што е најмногу после Кина,  а бројот на заразени изнесува 388, пренесуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Пожарот над тетовско Селце надминува два километри линија на оган, пожарната и НП апелираат за помош од државните институции

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он