Во напади од руски беспилотни летала врз Одеса во неделата вечерта повредени се најмалку пет лица, запалени камиони со жито и го оштетиле националниот музеј, соопштија украинските власти во пристаништето на Црното Море.
„Националниот музеј на уметноста на 6 ноември полни 124 години“, рече Олех Кипер, гувернер на регионот Одеса чиј административен центар е Одеса, на апликацијата за пораки Телеграм.
„Русите „му честитаа“ на нашиот архитектонски споменик со проектил кој падна во близина“, додаде тој.
Оштетени се ѕидовите на зградата, искршени се некои прозорски стакла, рече тој.
Кипер подоцна изјави дека над градот биле уништени 15 дронови лансирани од Русија.
Оштетени се неколку високи станбени згради, а магацинот и камионите со жито беа зафатени од пожар, кој набрзо беше изгаснат.