Петгодишно момче од САД почина од Ковид-19, родителите мислеле дека има труење со храна

Од:

Петгодишното дете од САД, Вајат Гибсон, почина од последиците на коронавирусот, соопшти кумата на детето, Аманда Суми, која им се обрати на медиумите.

Момчето се заразило за време на последниот бран на инфекции во земјата. Смртен исход од болеста кај малите деца е голема реткост, а во државата Џорџија, од која е малиот Вајат, од почетокот на пандемијата се регистрирани само 11 случаи на зараза кај децата. Во САД од Ковид-19 досега починаа повеќе од 610.000 луѓе, а 335 од нив биле помлади од 18 години.

По четири дена боледување, малиот Вајат ја загубил борбата со болеста

Сестрата и таткото на момчето исто така биле позитивни на тестирањето.

„На некој начин знам дека сѐ уште си со нас, но силно ми недостигаш. Тој секогаш ги развеселуваше луѓето, дури и странците. Го загубив надобриот другар“, напиша таткото на Вајат на Фејсбук.

Момчето било здраво, а кога се појавиле првите симптоми, родителите помислиле дека станува збор за труење со храна.

„Во почетокот немаше апетит, малку повраќаше и беше некако летаргичен. Тогаш почна да кива и состојбата нагло му се влоши“, изјави кумата на детето.

Малиот Вајат бил примен во болница во тешка состојба, а по прегледот, лекарите утврдиле дека има силно воспаление на грлото и тешка клиничка слика карактеристична за Ковид-19. По неколку дена, тој добил силен излив на крв во мозокот, од што и починал.

„Секогаш бевме многу внимателни, не знам како се случи ова. Малечкото се бореше како лав за да ја победи болеста. Неговата мајка четири дена постојано беше покрај него. Таа го храбреше да продолжи да се бори, да не се предава,“ изјави кумата, Аманда Суми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја