Пет водечки светски технолошки компании обвинети дека се одговорни за смртни случаи и сериозни повреди на деца во Африка

Од:

Пет водечки светски технолошки компании се обвинети дека се одговорни за смртни случаи и сериозни повреди на деца во Африка, кои се принудени да работат во рудници за кобалт.

Судската постапка против „Тесла“, „Епл“, „Алфабет“, „Мајкрософт“ и „Дел технологии“ е поднесена во име на 14 семејства од Демократската Република Конго пред суд во Вашингтон, ја објави американската непрофитна организација Меѓународни заговорници за право.

Компаниите се дел од системот на присилна работа што, според семејствата, резултирал со смрт и сериозни повреди на нивните деца, според организацијата.

Ова е првпат повеќе технолошки компании да се соочат со судска постапка поради вадење кобалт.

Судските документи вклучуваат фотографии на деца со деформирани раце и нозе. Некои се и осакатени.

Шест од 14-те деца во случајот загинаа уривање на тунел, а други се здобиле со телесни повреди, вклучително и парализа, тврдат Меѓународните заговорници за право.

Дел од децата биле плаќани по 1,5 долари по ден, а работеле шест денови во неделата. Кобалтот е важна суровина за производство на литиумски батерии што се користат во производи од технолошката индустрија. Повеќе од половината од тој метал се вади во Конго. Според ЕК, глобалната побарувачка за кобалт треба во следните 10 години да се зголеми за седум од 13 отсто.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска