Најмалку пет лица се повредени во денешните антивладини протести во Бангкок, кога стотина насилни демонстранти се судрија со полицијата при обидот да ги пробијат заштитните огради поставени околу владините згради во центарот на тајландскиот главен град.
Новите антивладени протести се одржуваат само два дена по разрешувањето од дожноста на премиерката Јинглук Шинаватра со одлука на Уставниот суд на земјата.
Судот реши таа да се повлече од премиерслата функција, откако беше обвинета за „злоупотреба на службената положба“ и за непотизам. Државната антикорупциска комисија вчера ја обвини Шинаватра и за корупција во врска со субвенциите за производителите на ориз.
Демонстрантите бараат смена на актуелната тајландска влада и реформи на политичкиот систем, заканувајќи се со целосна блокада на Бангкок и другите поголеми градови. Тие се приврзеници на тајландската опозиција и потекнуваат од средната класа во државата и од урбаните средини.
Владата на сменетата премиерка Шинаватра, пак, има силна поддршка од гласачите во руралните средини и од сиромшаните слоеви во општеството, со чија помош таа убедливо победи на изборите во јули 2011 година, како и на поништените избори на почетокот на февруари оваа година.
Овие избори беа поништени затоа што во многу гласачки места во градските средини, каде мнозинството го сочинуваат приврзаниците на опозицијата или воопшто не се гласаше поради блокади на избиралиштата или беа оштетени гласачките кутии.
Опозицијата тврди дека тајландската политика е „целосно корумпирана“ и за тоа како пример го посочуваат семејството Шинаватра, кое во изминатите две години даде двајца тајландски премиери.
Прво, Таксин Шинаватра, кој во септември 2006 година беше сменет со интервенција на армијата, а потоа и неговата сестра Јинглук Шинаватра, која ја презеде функцијата кон средината на 2011 година.
Популистичката Партија за Тајланѓаните (ПТП) на Јинглук Шинаватра, според анкетите, е најпопуларна во Тајланд и важи за фаворит на новите избори закажани за 20 јули, на кои опозицијата одново нема да учествува.
Опозицијата, како и за изборите што беа поништени, бара Јинглук Шинаватра воопшто да не се кандидира. Наместо нови избори, тие бараат формирање на „народен совет на луѓе од народот“, кои ќе ги подготви потребните реформи.
Приврзаниците на сменетата Шинаватра, од движењето „Црвени кошули“ за утре најавија масовни протести за подршка за „непревдно сменетата“ премиерка. Овие протести ќе се одржат во исто време кога опозицијата повика на соборување на Владата и на блокада на полициските станици, па се стравува дека би можело да дојде до судири меѓу двете страни.
Од почетокот на антивладините протести во ноември минатата година, па досега, загинаа 28 лица, а над 700 се ранети.