Пет митови за европската криза

Од:

Постојат пет митови за европската криза, а првата е дека Европејците никогаш нема да дејстуваат обединети, вели Фред Бергстен, директор на американскиот институт за економија „Петерсон“.

„Еврозоната никогаш нема да се соедини, а какофонијата од коментари на Европскиот континенет ќе продолжи да го заплашува пазарот и на овој предизвик сите ќе одговораат премногу брзо“, вели Бергстен.

„Европската централна банка (ЕЦБ) одвои неколку милијарди долари, покрај федералните резерви на САД, при што само потврдија дека ќе сторат се што е потребно за да се избегне катастрофата“, додава тој.

Вториот мит е дека ако Грција излезе од Еврозоната ќе се запечати судбината на единствената европска валута.
Според него:

„Ако Грција излезе од монетарната унија, тоа всушност ќе го зајакне еврото. Доколку ЕУ се ослободи од Грција, таа ќе биде посилна“. Според него примерот со Грција ќе ги натера останатите земји порешително се справат со намалувањето на буџетскиот дефицит и да ги забрзаат реформите со цел да ја избегнат судбината на Грција.

Третиот мит се однесува на тврдењето дека германските даночни обврзници никогаш не би се согласиле на спасувањето на грчките (или шпанските, или италијанските) пензионери од кризата, туку напротив:

„Германија е и ќе биде благајникот на Европа, ќе плаче и ќе жали додека бара строги мерки за штедење и реформи, но секогаш ќе „искешира“ колку што е потребно да се задржи стабилноста во еврозоната“. Според него Германците нема да ризикуваат кога е во прашање уништувањето на Европа, повторно, а покрај тоа, целиот економски германски модел е заснован на извозот во евра“, тврди Бергстен.

Четвртиот мит што не треба да постои е дека гласачите ќе се бунтуваат ако се продолжи со строгите мерки за штедење.

„И покрај неверојатните аспекти на кризата во Европа, сепак секаде, политичкиот центар опстана во секоја задолжена земја, вклучувајќи ја и Грција, иако секаде противниците „флертуваа“ со гласачите токму со мерките за штедење и реформите“.
Експертот вели дека Европејците на строгите мерки за штедење им ги додадоа всушност „мерките“ за зајакнувањето на економскиот раст и дека тоа влиаело само позитивно.

Петтиот мит за кризата во Европа е дека таа ќе и нанесе сериозна штета на економијата на САД, па дури и може да се случи да „пресуди“ при изборот на американскиот претседател.

„Рецесијата во Европа, без сомнение, го намали извозот и приходите на САД, ги намали вработувањата, ја „поткопа“ довербата на инвеститорите и го намали БДП во САД, можеби за околу 1%. Меѓутоа, новите светски големи економии, предводени од Кина и Индија, добро се одржаа, а ќе продолжат да се шират и понатаму со стапка од околу 6% годишно. Тоа е побавно отколку порано, но ја држи силна глобалната економија, вклучувајќи ја и таа на САД.

Освен тоа Америка имаше корист од неприликите што ја погодија Европа и воопшто кризата во светот, затоа што еден дел од капиталот се пресметуваше во долари “, заклучи американскиот експерт, прилично уверен дека САД и претседателски избори се заштитени од последиците на економската криза во Европа.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Русија би можела да остане без банани

А1он