Пет лица повредени во напад со нож во Нов Зеланд

Од:

Напаѓач со нож денеска во Оукленд, на Нов Зеланд повреди пет лица, пред околните минувачи да го соборат на земја и да го совладаат, соопшти полицијата.

Британските медиуми го цитираат претставникот на локалната полиција кој изјавил изјави дека нападот во Оукленд траел помалку од 10 минути, бил изведен без посебна цел, а дека осомничениот сега е во притвор.

Оттаму соопштија дека нема индиции дека се работи за кривично дело од омраза, бидејќи жртвите биле од различен пол, националност и возраст, а полицијата се пофали дека брзо реагирала, го уапсила сторителот и спречила поголем број жртви.

Се наведува и дека сите ранети се со умерени повреди.

Случајни минувачи кои случајно се нашле на местото на инцидентот го следеле осомничениот и го опколиле по почетокот на нападот, а еден од нив го соборил со помош на патерици за одење, соопшти полицијата.

Прецизирано е дека мажот носел голем нож и дека имал умерени повреди при апсењето, како и дека поради тоа бил хоспитализиран.

На Нов Зеланд минатата година имаше два поголеми насилни напади со нож во супермаркети, а еден е наведен како терористички чин, додека истрагата не го утврди мотивот за вториот напад, пренесуваат британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов Зеланд со нов пакет санкции против Русија

Нов Зеланд ја отвори границата за патниците од Австралија

Ана Ололовска

Ардерн: Нов Зеланд од 12 април ќе ги отвори границите за вакцинираните Австралијанци

Ана Ололовска

Нов Зеланд воведува санкции против Путин, Мишустин, Лавров и Шојгу

Ана Ололовска

Земјотрес го погоди Нов Зеланд

Катерина Павлова-Николовска

Нов Зеланд со поостар став за протестите против рестрикциите воведени против Ковид-19

Ана Ололовска