Пет главни факти за Берлинскиот ѕид

Од:

Урнат во ноември 1989 година, Берлинскиот ѕид со години беше симбол за поделбата на Германија и белег на конфликт помеѓу советскиот блок и Западот.

Пет факти за бетонскиот бедем што го претворија западен Берлин во енклава во Источниот блок.

Армиран бетон

Изградбата на ѕидот почна на 13 август 1961 година, само неколку дена откако тогашниот прв човек на ДДР, Волтер Улбрихт, вети дека „никој нема намера да изгради ѕид“.

Изграден е за да се запре егзодусот на Германците од исток кон запад (три милиони луѓе од 1945 до 1961 година). Неговата вкупна должина беше 155 километри. Од нив, 43 километри ѕид го пресекоа Берлин во правец север-југ, а со уште 112 километри градот беше изолиран од остатокот на ГДР.

Во најголем дел, ѕидот се состоел од армиран бетон висок 3,6 метри со полиран цилиндричен врв за да ги обесхрабрат однапред обидите да се искачат на него.

Зад источната страна на ѕидот се наоѓаше и бришан простор, „појас на смртта“, што им дозволуваше на источногерманските чувари да имаат непречена линија за оган врз бегалците, во обид да се приближат до ѕидот.

Најосветлен дел од Берлин

Границата ја обезбедуваа 7.000 гранични распоредени во 302 контролни кули и 20 бункери.

Улични светилки беа поставени на секои 30 метри, со што ѕидот беше најосветлениот дел на Берлин, за разлика од темнината во која беше источен Берлин.

Дополнително обезбедување беа аларми, бодликава жица, автоматски уреди за пукање и постојани патроли на војници со кучиња.

Контролен пункт Чарли (Checkpoint Charlie)

Седум службени гранични премини беа за поминување. Најпознат беше контролниот пункт Чарли помеѓу денешните населби Мите и Кројцберг.

Тој беше сцена на конфронтација меѓу САД и СССР во октомври 1961 година, кога тенкови и војници беа во мирување неколку часа во целосна подготвеност да пукаат едни кон други по расправија за слободата на движење на американскиот дипломат Алан Лејтнер.

Една година подоцна, во „дожд на куршуми“, животот го загуби 18-годишниот ѕидар Питер Фехтер, кој сакаше да замине кај војата сестра во западен Берлин.

Тунел 57

Во 28 години од постоењето на ѕидот имаше многу обиди да избегаат на запад, честопати фатални. Се проценува дека 140 луѓе биле убиени таму меѓу 1961 и 1989 година, но точниот број не е познат.

Но, имало многу успешни обиди. Најпознатиот премин беше „тунелот 57“, именуван по 57 луѓе кои избегаа на запад во октомври 1964 година. Тој беше ископан од студенти од запад и беше долг 140 метри, почнувајќи од подрумот на напуштена пекарница недалеку од западната страна на ѕидот.

Едно од најспектакуларните бегства на запад во 1988 година беше на семејство кои од источен Берлин го прелетаа ѕидот со авион за запрашување.

Инженерот по електроника Винфрид Фројденберг немаше толку среќа. Во март 1989 година, само осум месеци пред да биде урнат ѕидот, се урна со балон во западниот дел од градот откако ја прелета бетонската бариера. Тој е последната жртва на Берлинскиот ѕид.

Ich bin ein Berliner

„Ich bin ein Berliner“ – Четирите зборови што ги кажа Џон Фицџералд Кенеди за време на неговата историска посета на Берлин на 26 јуни 1963 година влегоа во колективната меморија.

Две години откако беше подигнат „ѕидот на срамот“, американскиот претседател сакаше на германски да покаже дека Западот е во солидарност со жителите на Берлин.

Неговиот наследник Роналд Реган, 24 години подоцна, застана зад штандот пред Бранденбуршката порта и му викна на советскиот колега Михаил Горбачов да го „урне тој ѕид“.

Две години подоцна, со зелено светло на Москва, тоа и беше направено.

Ѕидот стоеше 28 години, два месеци и 28 денови.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски