Пет деца и еден возрасен загинаа во сообраќајна несреќа во Франција

Од:

Најмалку шест лица, меѓу кои и пет деца, загинаа, а неколкумна други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево кај местото Куртеранж, во близината на француксиот град Троја, јави дописникот на МИА од Париз.

Според регионалниот весник „Ест Еклер“, во сообраќајната несреќа учествивале камион, автомобил и комби, во кое се наоѓале деца заедно со нивните воспитувачи. Сите загинати во сообраќајката биле патници во комбито.

Засега не се познати причините за сообраќајната несреќа.

По несреќата реагираше францускиот претседателот Франсоа Оланд, кој изрази солидарност со семејствата на загинатите и повредените, барајќи да бидат расчистени околностите на оваа трагедија.

Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев и државниот секретар за транспорт Фредерик Кувилие се очекува да го посетат место на несреќата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата