Песочна бура и обилни дождови го зафатија Израел

Од:

Силна песочна бура, придружена со силен ветер и поројни дождови го зафатија Израел, а на планината Керсон почна да паѓа снег, јави радиото Кан.

Денеска низ земјата е регистрирано екстремно високо ниво на загаденост на воздухот со честички прашина. Во Ерусалим 70-годишна жена е повредена од гранка која се скршила од силниот ветер. Силни ветрови дуваат по целиот брег, на север, во пустините на југ и во централен Израел, додава радиото.

Обилните врнежи од дожд, придружени со грмежи, се очекува да продолжат и во текот на ноќта во северните, централните и источните делови на земјата, во Јудејската пустина и во регионот на Мртвото Море. Се очекуваат и поплави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел