Песков: Воената операција во Украина ќе биде целосно спроведена, Русија не побара помош од Кина

Од:

Руската специјална воена операција во Украина се одвива според оригиналниот план и ќе биде завршена на време, целосно спроведена, изјави денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавија руски медиуми.

Според Песков, Русија не побарала помош од Кина во изведување специјални воени операции во Украина.

Претходно, американските медиуми Фајненшл тајмс и Вашингтон пост, повикувајќи се на неименувани официјални лица од САД, објавија дека Русија од Кина побарала воена опрема, откако на 24 февруари, почна со нападот.

Следуваше предупредување од американските власти до Пекинг, дека ќе сноси последици доколку Кина се обиде да ѝ помогне на Русија да ја надокнади загубата од западните санкции.

Кина ги отфрли овие наводи на весниицте, оценувајќи ги за „дезинформации“, дека Русија побарала од Пекинг воена помош за акции во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ