Песков: Властите на двете Кореи да се воздржат од провокации

Од:

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги повика властите на двете Кореи, како и другите инволвирани страни, да се воздржат од понатамошни провокации за да се избегне ескалација на безбедносната криза на Далечниот Исток.

Песков, коментирајќи ги последните инциденти во близина на демаркациската линија меѓу Северна и Јужна Кореја, рече дека ситуацијата е веќе доволно тешка и дека не треба да се влошува.

На прашањето за потенцијален ирански напад врз Саудиска Арабија, Песков рече дека Русија нема такви сознанија, ниту е јасно од каде тоа потекнува.

На редовната прес-конференција Песков ја коментираше и одлуката на Русија да ја прекине примената на Црноморската иницијатива за жито.

„Претседателот Путин и Ердоган вчера имаа многу долг разговор и преговорите продолжуваат. Но, поради неможноста на Русија да ја гарантира безбедноста на бродовите што минуваат низ безбедносниот коридор, суспензијата сè уште останува во сила“, рече Песков.

На прашањето за одлуката на Варшава да подигне бариера на границата со Калининградската област, Песков одговори дека тоа е внатрешна работа на Полска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина

Горан Наумовски

Кремљ ги предупреди предавниците да не се враќаат во Русија

Горан Наумовски

Песков: Изборите во Русија беа апсолутно чисти и фер

Кремљ ги коментираше американските избори

Песков: Британија и помага на Украина, таа е директно вклучена во конфликтот

Горан Наумовски

Песков: Кремљ не се грижи кога телото на Навални ќе му биде предадено на семејството