Песков: Киев да го врати Крим со „невоени средства“ e целосно неприфатливо

Од:

Москва ја доживува изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за желбата на Киев да го врати Крим со „невоени средства“ како дискусија за отуѓување на руски територии, што е целосно неприфатливо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„За нас ова не е ништо повеќе од дискусија за отуѓување на територија од Русија. Поинаку не може да се разбере. Ова не доаѓа предвид“, им одговори Песков на новинарите на барањето да ги коментира изјавите на Зеленски, пренесува ТАС С.

Украинскиот претседател претходно изјави дека Киев е подготвен да ги разгледа опциите за невоено враќање на Крим, но апелираше „да не се губи време“ на опции кои не предвидуваат, како што наведе, „деокупација на полуостровот“.

Во интервју за Фајненшл тајмс, Зеленски изјави дека доколку решението не предвидува деокупација, а според него Крим е дел од Русија, никој не треба да губи време на тоа, пишува Украинска Правда.

„Ваквите изјави уште еднаш укажуваат на неподготвеноста и неспособноста на украинската страна, што не покажува волја проблемот да се реши со невоени методи“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ