Песков: Специјалната воена операција во Украина не зависи од временските услови

Од:

Специјалната воена операција во Украина не зависи од временските услови и продолжува, изјави денеска за медиумите портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

„Нејзините цели мора да се постигнат“, рече Песков, според руската новинска агенција ТАСС.

Одговарајќи на прашање за милионите украински граѓани кои останаа без струја и топлина на 15 ноември поради борбени операции во време кога временските прогнози предвидуваа пониски температури на воздухот, Песков рече дека тоа е резултат на напад на воена инфраструктура. „Ова се случи поради одбивањето на Киев да води преговори со Русија“, рече Песков.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вчера изјави дека на 15 ноември руските вооружени сили извршиле масовен напад со високопрецизно воздушно и поморско оружје со долг дострел на војската, системот за команда и контрола и поврзаните енергетски објекти на Украина. Тој рече дека целите на нападот се постигнати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ