Песков: Ситуацијата во Русија со Ковид-19 е тешка

Од:

Ситуацијата со ширењето на коронавирусот во Русија е тешка, регистрирани се лоши тенденции, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков изјави дека ревакцинацијата во земјата ќе биде неизбежна.

– Ситуацијата е тешка, тенденциите се повеќе лоши отколку добри, истакна Песков, додавајќи дека повторната вакцинација ќе биде неопходна кај оние луѓе чии антитела достигнале пониско ниво.

Во изминатите 24 часа во Русија се регистрирани 17.378 нови случаи на инфекција со Ковид-19, а од почетокот на пандемијата се потврдени 5.334.204 заразени, објавија руските власти.

Само во Москва се регистрирани 7.584 нови случаи на инфекција во изминатото деноноќие.

Според најавите на Министерството за здравство на Русија, наскоро во Москва ќе бидат организирани места за вакцинација на лица кои сакаат повторно да се вакцинираат со Спутник В.

Во девет региони е најавена задолжителна вакцинација за вработените во областа на услугите и трговијата, како и во државните институции.

Би можело да ве интересира

Лончар: Во Србија вакцинирани 48 отсто, најголем број заразени се вратените од одмор

Ана Ололовска

Путин: Руската флота е способна да открие и уништи која било цел

Ана Ололовска

Браун: Германија можно е да ги ограничи невакцинираните

Ана Ололовска

ВИДЕО: Судири меѓу полицијата и противниците на здравствениот пасош на Елисејските полиња

Ана Ололовска

Бугарија од понеделник се затвора за патниците од Холандија, Малта, Андора и Грузија заради Ковид-19

Ана Ололовска

Мицотакис ги повика Грците задолжително да се вакцинираат

Ана Ололовска