Песков: Се надевам дека посетата на Макрон, Драги и Шолц на Украина не е само поради испораката на оружје

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се надева оти посетата на лидерите на Франција, Германија и Италија на Киев „нема да биде фокусирана исклучиво на испорака на оружје за Украина“.

„Би сакал да се надевам дека лидерите на овие три земји – и претседателот на Романија – нема да се фокусираат само на поддршката на Украина со дополнително надувување на Украина со оружје“, рече Песков.

Тоа би било „апсолутно бескорисно и би предизвикало дополнителна штета на земјата“.

Песков предлага Емануел Макрон, Олаф Шолц и Марио Драги да го искористат своето време со украинскиот претседател Володимир Зеленски за „реално да ја разгледаат состојбата на работите“.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ