Песков: Санкциите на САД и ЕУ се мешање во работите на Русија

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека последните санкции на САД и Европската унија против руски лица и организации поради случајот Навални се интервенција во внатрешните работи на Русија и се неприфатливи.

– Сметаме дека таквите ограничувања се апсолутно неприфатливи и се мешање во внатрешните работи на Русија. Тие предизвикуваат значителна штета на односите со САД и ЕУ, кои веќе се во жална состојба, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ, исто така нагласи дека новите санкции, или ограничувањата наметнати против неколку руски функционери, во основа ги удвојуваат оние кои веќе се утврдените за нив согласно руското законодавство.

Министерството за финансии на САД вчера објави дека ставило на црна листа седум руски официјални лица поради ситуацијата околу рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Европската унија истиот ден ги прошири санкциите против Русија поради Навални, а на нејзината црна листа се уште четворица руски официјални лица: Главниот обвинител Игор Краснов, шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин, шефот на Федералната Казнено поправниот дом Александар Калашников и директорот на Националната гарда Виктор Золотов.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски