Песков: Русија сака да соработува со НАТО и покрај агресивноста

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека НАТО секогаш бил инструмент на агресија и конфронтација, но Русија сака да соработува со Алијансата.

– Повеќе пати имаме изјавено дека НАТО е создадено за конфронтација. Меѓутоа, Русија никогаш не избегнувала соработка со НАТО, истакна Песков.

Тој додаде дека Русија никогаш претерано не ја нагласувала улогата на Сееврноатлантската алијанса во обезбедување на глобалната европска безбедност и стабилност.

– Бидејќи тоа е инструмент на конфронтација и понекогаш на агресија. Тоа е нашето мислење за НАТО, наведе Песков.

Тој коментирајќи ја вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, наведе дека „НАТО можеби е живо или мртво, ние не сме паталози да испитуваме и да одлучуваме кои делови од НАТО се коматозни“.

Макрон во интервјуто за „Економист“ изјави дека „НАТО е клинички мртво, време е Европа да почне да размислува сама за себе како геополитичка сила“.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он