Песков: Размената на трговец на оружје за кошаркарката не е пресвртница во односите меѓу Русија и Америка

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека размената на трговецот на оружје Виктор Бут за кошаркарката Бритни Грајнер не претставува пресвртница за ставање крај на кризата во односите меѓу Русија и САД и оцени дека односите се уште се во „бедна состојба“.

Разговорите беа само за размена и веројатно не треба да се извлекуваат шпекулативни заклучоци дека тоа може да биде чекор кон решавање на актуелната криза во нашите билатерални односи. Нашите билатерални односи остануваат во истата жална состојба, рече Песков во барањето за коментар на дневниот весник „Известија“, пренесува ТАС С.

САД и Русија вчера на аеродромот во Абу Даби ја разменија кошаркарката Бритни Грајнер, која беше во затвор во Русија, за рускиот дилер на оружје Виктор Бут, кој помина 12 години во американски затвор.

Грајнер, која освои два златни олимписки медали, беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром бидејќи во багажот имала масло од канабис, што е забрането во Русија.

Таа на 4 август беше осудена на девет години затвор.

Во 2012 година, Бут беше осуден на 25 години затвор во САД под обвинение за заговор за убивање Американци, набавка и извоз на противвоздушни ракети и обезбедување материјална поддршка на терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Руски новинар осуден на осум години затвор за ширење „лажни вести“ за руската армија

А1он

ВИДЕО: Леденa бура направи хаос во САД, откажани летови, сообраќајки, затворени училишта

Катерина Павлова-Николовска

САД го блокираат влезот на Косово во Советот на Европа

Русија: Ја презедовме контролата близу Бахмут

А1он

Уапсен пар среде ресторан во Русија: Зборувале против војната, гостин ги слушнал и повикал полиција

А1он

Познатиот економист Џефри Сакс: Конфликтот во Украина започна пред осум години, флертуваме со трета светска војна

А1он