Песков: Размената на обвинувања помеѓу САД и Кина е невкусна

Од:

Русија ги повика Соединетите Американски Држави и Кина да соработуваат затоа што нивната размена на обвиненија, како што соопшти Кремљ, е „невкусна“ во период на пандемија.

– Во рамки на заедничките напори за борба против пандемијата, тоа изгледа невкусно, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, Владимир Путин, одговарајќи на прашање во врска со односите меѓу Вашингтон и Пекинг, јави ТАСС.

– Секако, ние повеќе сакаме да видиме интеракција, соработка и меѓусебна помош наместо овие размени, рече Песков.

Тој потсети дека Москва развива блиски и партнерски односи со Пекинг и дека и понатаму ќе го прави тоа.

– Ние соработуваме и си помагаме едни на други во борбата против коронавирусот, во развојот на вакцина. Разменуваме информации. Исто така, имаме контакти со Американците, додаде Песков.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана