Песков: Путин се тестира на Ковид-19 колку што е потребно

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин се тестира на коронавирус онолку често колку што е потребно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Се тестира онолку често колку што неговиот лекар смета дека е соодветно, кажа Песков денеска, одговарајќи на новинарски прашања, пренесе Тасс.

Песков забележа дека не е запознаен со процедурата на тестирањето на претседателот.

-Не се занимавам со прашања за лекарската нега на претседателот, додаде тој.

Портпаролот на Кремљ напомена дека одлуката на Путин да одржи состанок со неговиот пратеник во крајноисточниот федерален округ Јури Трутнев и министерот за развој на Далечниот Исток и Арктикот Александар Козлов во Кремљ не претставува прекршување на режимот на самоизолација.

-Да, тој вчера дојде во Кремљ, рече Песков, забележувајќи дека претседателот „ не посетува јавни места и не се среќава со голем број луѓе“.

„Се преземаат сите мерки на внимателност“, кажа уште Песков и додаде дека во случај претседателот да се состане со луѓе лице в лице, секој учесник на средбата претходно се тестира на Ковид-19.

Новинарите истакнаа дека Путин и натаму се ракува со лицата со кои се состанува.

-Претседателот се ракува со луѓето кои се внимателно проверени. Значи, во овој случај претседателот има право да го одбере начинот на кој ќе се поздрави, на кој е навикнат и за кој смета дека е соодветен“, објасни портпаролот на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски