Песков: Ова што го прави Западот го гледаме како директно мешање во конфликтот

Од:

Кремљ денеска ја осуди „директната вмешаност“ на Западот во конфликтот во Украина, по најавата за испорака на десетици европски и американски тенкови за Киев.

„Од европските престолнини и од Вашингтон постојано пристигнуваат декларации дека испраќањето на различни системи за оружје, вклучително и тенкови, во Украина во никој случај не значи вмешаност на тие земји или НАТО во непријателствата што се случуваат во Украина. Категорично не се согласуваме“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Во Москва тоа го гледаме како директна вмешаност во конфликтот и гледаме дека таа се зголемува“, додаде Песков.

Германската влада вчера ја потврди испораката на тенкови „Леопард“ во Украина и одлуката да им дозволи на земјите партнери и тие да испратат тенкови во Киев.

Украина оваа година би можела да добие до 100 најсовремени тенкови од германско производство, што е една третина од бројот што го побара.

Американскиот претседател Џо Бајден, пак, на прес-конфренција, најави дека САД ќе испратат 31 тенк „Абрамс“ во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

Русија вели дека е подготвена за мировни преговори со Украина