Песков: Нема гас и нафта за оние кои ќе го поддржат ограничувањето на цените

Од:

Русија не планира да ги снабдува со гас и нафта оние држави, што го поддржуваат ограничувањето на цените, соопшти денеска Кремљ, додавајќи дека ќе донесе конечна одлука по анализа на сите бројки.

– Отсега остануваме на ставот на претседателот Владимир Путин, дека нема да испорачуваме гас и нафта на земјите што би поставиле и ќе се придружат на ограничувањето, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Но, како што додаде Песков, „мораме сè да анализираме, пред да го формулираме нашиот став“.

Г7 сака да ја ограничи цената на руската нафта на 65 до 70 долари по барел.

Европската Унија се обидува да ги договори горните граници на цената на гасот, а бидејќи повеќе земји се незадоволни со предлозите, продолжуваат разговорите на таа тема.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ