Песков: Москва не се меша во внатрешните работи на САД

Од:

Москва не се меша во внатрешните работи на САД и силно се спротивставува на надворешното мешање во внатрешните работи на Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на руската амбасада во Вашингтон дека антируската изборна реторика доведе до влошување на односите меѓу двете земји.

– Некои имаат опсесија да продолжат да ја обвинуваат Русија за мешање без да дадат докази, истакна Песков, додавајќи дека Русија повеќе пати ги отфрлала ваквите обвинувања.

Според портпаролот на рускиот претседател, Москва инсистира на тоа дека „никогаш не се случило мешање“, пренесува руската агенција ТАСС.

– Русија не се меша со внатрешните работи на другите земји и силно се спротивставува на странското мешање во руските работи, нагласи Песков.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел