Песков: Изборот на новиот британски премиер не дава надеж за промени на подобро

Од:

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков изјави денеска дека изборот на Риши Сунак за нов британски премиер „не дава причина за надеж за позитивен развој на односите“ меѓу Велика Британија и Русија.

„Не, во овој момент не гледаме ниту претпоставки, ниту основа, ниту надеж дека ќе има промени на подобро во нашите односи во блиска иднина“, рече Песков.

Тој додаде дека „Русија сѐ уште е отворена и подготвена да ги реши најсложените прашања преку преговори, но не на сметка на сопствените интереси“, пренесува Танјуг.

Риши Сунак официјално стана петтиот премиер на Велика Британија во последните шест години, по денешната средба со кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата.

Како нов лидер на Конзервативната партија, Сунак (42) отиде во Бакингемската палата на својата прва аудиенција кај кралот Чарлс III, каде што официјално беше побарано да формира влада.

Би можело да ве интересира

Русија вели дека е подготвена за мировни преговори со Украина

Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина

Горан Наумовски

Кремљ ги предупреди предавниците да не се враќаат во Русија

Горан Наумовски

Песков: Изборите во Русија беа апсолутно чисти и фер

Кремљ ги коментираше американските избори

Песков: Британија и помага на Украина, таа е директно вклучена во конфликтот

Горан Наумовски