Песков: Деескалација во Украина само доколку украинската армија престане да провоцира

Од:

Деескалација на територијата на Украина може да се случи само како резултат на откажувањето на украинските вооружени сили од провокативни дејствија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Веруваме дека загриженоста на сите, вклучително и на САД, во врска со движењето на нашите вооружени сили во Русија, е неоснована. Во Украина деескалација може да се случи само како резултат на откажувањето на украинската војска од провокативни акции, истакна Песков, одговарајќи на прашањето дали претседателите на Русија и на САД постигнале разбирање за ова прашање по телефонскиот разговор.

Осврнувајќи се на тоа дали Путин и Бајден планираат да разговараат за ситуацијата во југоисточна Украина, тој нагласи дека е „рано е да се зборува за оваа средба од гледна точка на спецификите. Тоа е нов предлог, ќе се разгледа, ќе се изврши анализа. Лидерите се согласија дека темата за таков состанок ќе биде дополнително разгледана преку дипломатски канали“.

– Сè уште нема подготовки за таква средба, затоа е рано да се отвораат тие прашања, изјави портпаролот на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша во законот пакетот за помош со кој се обезбедува клучна воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина