Песков: Авионот леташе над Сирија

Од:

Кремљ со сигурност знае дека рускиот воен авион Су-24, кој е урнат денеска, се наоѓал над Сирија, во сирискиот воздушен простор, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека во овој момент не би било правилно да зборува за какви било последици по руско-турските односи откако турските ловци го соборија рускиот авион.

– Не би било правилно во овој момент да давам какви било оценки, претпоставки и да изнесувам заклучоци додека не ја добиеме целата слика, изјави Песков за медиумите во Сочи.

Според неговите зборови, Кремљ со сигурност знае дека авионот Су-24 летал над Сирија.

– Сепак, се уште не сме добиле од нашето Министерство за одбрана информации за причинита за падот на авионот. Знаеме само дека се наоѓал во воздушниот простор на Сирија, над територијата на Сирија, нагласи Песков.

Тој додава дека постои можност претседателот на Русија Владимир Путин да се огласи денеска по повод инцидентот.

Песков, исто така, рече дека Кремљ не знае дали посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Турција, најавена за утре, е одложена поради инцидентот со авионот.

– Прашајте го Министерството за надворешни работи, им порача Песков на новинарите.

Би можело да ве интересира

Американскиот секретар за одбрана: Го предупредив Шојгу за нуклеарно оружје

Ана Ололовска

Во координиран одговор, членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори

Ана Ололовска

Што значи мобилизацијата за Русија – крај на пазарењето на Путин со народот

Ана Ололовска

Украинско разузнавање: Белорусија се подготвува да прими руски војници

Ана Ололовска

Советникот на Зеленски: Можни се преговори, но само со новиот претседател на Русија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Се запали авион на Крим, облаци црн чад се издигнуваат од местото на несреќата

Ана Ололовска