Перуанскиот Конгрес го смени претседателот, граѓаните се собираат

Од:

Перуанскиот претседател Мартин Вискара нареди распуштање на Конгресот, но пратениците не го послушаа и изгласаа негова суспензија поради што на земјата и се заканува најтешката политичка криза во последните две децении.

Светските агенции јавуваат дека опозициските пратеници, кои го контролираат Конгресот, изгласаа Вискара да го замени потпретседателот Мерцедес Араоз.

Вискара ги обвини членовите на Конгресот дека ги блокираат антикорупциските реформи кои тој сака да ги спроведе.

– Создаваме историја која ќе ја паметат идните генерации. Се надевам дека ќе ја сфатат големината на оваа борба која денеска ја водиме против ендемското зло кое нанесуваше многу штета на нашата земја, рече Вискара во обраќање кон нацијата.

Во меѓувреме пред зградата на Конгресот се собраа приврзаници на претседателот кои ги повикуваат пратениците да ја напуштат зградата.

На улиците е забележан и голем број припадници на полицијата кои се опремени за сузбивање демонстрации.

Официјални претставници на полицијата соопштија дека тие го признаваат Вискара како претседател и врховен командант на армијата.

Светските агенции пренесуваат дека се организира поддршка за претседателот и во други градови низ Перу.

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска