Пензиониран полковник ќе биде нов шеф на севернокорејската дипломатија

Од:

Нов шеф на севернокорејската дипломатија ќе биде поранешниот висок офицер на армијата, пензионираниот полковник Ри Сон-гвон, кој има мало искуство во преговорите со САД, што е можна најава дека Пјонгјанг во разговорите за нуклеарното оружје ќе заземе поцврст став, наведуваат медиумите на Корејскиот полуостров.

Корејските медиуми јавија дека новиот прв дипломат на земјата вчера веќе го организирал првиот прием за странските дипломати во Пјонгјанг.

Јужнокорејските и медиумите надвор од Корејскиот полуостров претходно јавија дека Северна Кореја претходно ги известила дипломатите за именувањето на Ри Сон -гвон.

Во својот говор на приемот „другарот Ри Сон-гвон кажа дека корејскиот народ во општата офанзива ги пробил пречките за напредокот на социјалистичкиот развој преку самоопределување и јавно ги изнесе надворешно-политичките ставови на севернокорејската Влада“, наведе агенцијата КЦНА.

Ри како воен офицер го водел владиното тело за односи со Јужна Кореја, со која водел разговори во изминатите 15 години. Но, во преговори со САД нема никакво искуство.

Во Јужна Кореја, како што се наведува, е познат по грубите забелешки кон јужнокорејскиот бизнисмен кој во септември 2018 година го посети Пјонгјанг.

Се уште не е позната судбината на неговиот претходник, Ри Јонг-хо, дипломатот од кариера кој беше сменет од функцијата, а чие име државната агенција КЦНА последен пат го спомена во своите извештаи во август минатата година.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он