Пензионерите во Британија сè почесто користат кокаин

Од:

Британските пензионери постари од 90 години сè почесто се хоспитализирани поради употреба на кокаин, покажа истражувањето на Националната здравствена служба.

Во извештајот се наведува дека 10 постари пациенти биле примени во болница со нарушувања на менталното здравје, но и проблеми во однесувањето заради употреба на дрогата.

Анализата покажа зголемување на бројот на лица на возраст од 60 години и повеќе кои биле лекувани за нарушувања поврзани со кокаин за 88 проценти од 2009 година, кога биле пријавени 45, за разлика од 379 лица оваа година.

Според податоците на Службата, бројот на малолетни лица хоспитализирани поради употреба на кокаин е ист како лани, но за петпати поголем од пред десет години.

Д-р Емили Финч, од одделот за зависности при Кралскиот колеџ за психијатрија, рече дека зголемувањето на бројот на пензионери кои земаат дрога е поврзано со долгиот животен век, зголемување на чистотата на дрогата и падот на неговата цена.

Таа истакнува дека овој тренд е „длабоко загрижувачки“.

– Многу луѓе не сфаќаат дека користењето кокаин може да предизвика проблеми со менталното здравје, поради што луѓето можат да завршат во болница, рече д-р Финч.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он