Пентагон распореди 1,600 американски војници во околината на Вашингтон

Од:

Околу 1.600 американски војници се распоредени во околината на Вашингтон и се наоѓаат во состојба на „зголемена готовност“, соопшти Пентагон, во очекување на нови протести против полициската бруталност и расизам во градот.

Полицијата во Вашингтон употреби солзавец против демонстрантите, а голем број луѓе беа уапсени во Њујорк.

Околу 10.000 луѓе протестираа мирно во Портланд.

Стотици лица се собраа во близина на оградата што ги спречува да влезат во паркот во близина на Белата куќа, каде во понеделникот со солзавец беа растерани мирните демонстранти за американскиот претседател, Доналд Трамп да може да ја посети демолираната црква.

Претежно мирните протести од изминатите неколку дена повремено беа одбележани со насилства.

Четворица полицајци се повредени во Сент Луис и еден во Лас Вегас за време на судири со демонстрантите.

Илјадници демонстранти се уапсени низ целата земја, а има и загинати и потешко повредени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски