Пентагон повторно нагласи дека Русија е закана за сите во НАТО

Од:

Русија претставува закана за сите сојузници на НАТО, но во исто време Вашингтон очекува да работи со Москва, каде што постои заеднички интерес, изјавил на брифинг висок американски воен претставник, јавија американски медиуми.

Според него, американските власти планираат намера да разговараат за темата Русија на видеоконференција на министрите за одбрана на Алијансата, на која ќе присуствува шефот на Пентагон Лојд Остин.

– Првата сесија на состанокот на министрите за одбрана ќе се фокусира на Алијансата, на силата на спречување и одбраната, и мислам дека тоа е неразделно поврзано со начинот на кој ја перципираме Русија, објасни тој.

– Сосема е очигледно дека Русија претставува закана за сите сојузници на НАТО, вклучително и САД … Тие користат воена сила за да ги постигнат своите цели, рече друг портпарол на брифингот, според прес-службата на Пентагон.

Според него, САД „постојано биле сведоци на примери за тоа како Русија се обидува да ги наруши безбедноста и стабилноста“.

Тој истакна дека Вашингтон има намера да соработува со Москва во области од заеднички интерес.

– Оваа администрација веќе јасно стави до знаење дека ќе работиме со Русија за развој на нашите сопствени интереси, истовремено држејќи ги одговорни за нивните непромислени и агресивни активности. Затоа, со нетрпение очекуваме да разговараме за ова со нашите сојузници оваа недела, изјави претставникот на Пентагон.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски