Пентагон потврди дека американско-јужнокорејските воени вежби се откажани

Од:

Пентагон официјално потврди дека американско-јужнокорејските воени вежби закажани за август се откажани, како што минатата недела најави претседателот Доналд Трамп.

– Како исполнување на обврската што ја презеде претседателот Трамп и во согласност со нашиот сојузник Јужна Кореја, американските вооружени сили ги прекинаа сите подготовки за одбранбените „воени игри“ во август „Чувар на слободата“, соопшти портпаролката на Пентагон Дејна Вајт.

Таа додаде дека не е донесена никаква одлука за наредни воени вежби, прецизирајќи дека оваа одлука не се однесува за другите воени маневри, предвидени во Пацификот.

Вајт додаде дека оваа недела Пентагон ќе одржи состанок на кој ќе присуствуваат секретарот за одбрана Џим Матис, државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на претседателот Џон Болтон.

Минатиот викенд беше најавено дека Јужна Кореја и САД неделава официјално ќе објават дека ќе прекинат со спроведување големи заеднички воени вежби, но под услов тие да бидат обновени ако Северна Кореја не го исполни ветувањето да се откаже од нуклеарното оружје.

Неименуван владин извор во Сеул изјави дека прекинот ќе се однесува најмногу на трите големи заеднички воени вежби кои САД и Јужна Кореја ги спроведуваат секоја година, но не и на рутински воени вежби од помал обем.

По историската средба во Сингапур меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, Трамп изјави дека ќе ги запре „провокативните, несоодветни и скапи“ заеднички воени вежби со јужнокорејските вооружени сили, кои Пјонгјанг ги смета за подготовка за инвазија на Северот.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД