Пентагон: Не е погоден наш конвој

Од:

Портпаролот на Централната команда на американската армија изјави дека американските сили во североисточна Сирија не биле мета на артилериски напад.

Американска патрола во североисточна Сирија на 3 ноември беше сведок на неколку артилериски напади, гранати паѓаа на еден километар или повеќе од патот по кој се движеше патролата. Никој не настрада, изјави Портпаролот на Централната команда на американската армија.

Тој додаде дека „силите на коалицијата го задржуваат своето неотуѓиво право на самоодбрана“.

Претходно, началникот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија генерал-мајот Јуриј Боренков изјави дека САД ја известиле руската страна дека проруски милитанти во Тел Тамир гранатирале конвој на американската војска.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат