Пентагон: Конфликтот во Украина ќе продолжи со години

Од:

Пентагон смета дека конфликтот во Украина ќе се одолговлекува и може да продолжи со години, изјави денеска претседателот на Советот на началниците на генералштабовите на САД, Марк Мили.

– Мислам дека овој конфликт ќе биде многу долг. Исто така сметам дека неговото времетраење ќе се мери со години. Не знам дали можеме да помислиме на една деценија, но барем неколку години сигурно, истакна Мили за време на расправа за буџетот на Претставничкиот дом.

Тој нагласи дека тоа е долготраен конфликт меѓу Русија и Украина, во кој САД и сојузниците и партнерите на НАТО „ќе бидат инволвирани уште долго време“.

Еден ден претходно, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека според проценките на Вашингтон „следната фаза од украинскиот конфликт може да се мери за повеќе од месеци“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он