Пентагон: Двајца бомбаши самоубијци и вооружени напаѓачи на Исламска Држава учествувале во нападот во Кабул

Од:

Најмалку двајца бомбаши самоубијци се разнесоа во терористичкиот напад на аеродромот во Кабул, соопшти американското Министерство за одбрана.

По детонациите, голем број борци од терористичката милиција Исламска држава отворија оган врз цивили и војници, рече американскиот генерал Кенет Мекензи, кој ја предводи американската Централната команда.

Во исто време, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот медиум Амак.

Во соопштението на Исламската држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан