Пенс: Со тоа што ги забрани патувањата уште во јануари, Трамп го спречи масовното ширење на пандемијата во САД

Од:

Во интервјуто за американската национална телевизија „Фокс њуз“, американскиот потпретседател Мајк Пенс соопшти дека посветеноста на администрацијата на Трамп е одговорна и претпазлива во врска со пандемијата која се прошири низ целата земја.

Потпретседателот нагласи дека уште со одлуката на претседателот во јануари за забрана на патување во повеќе земји на американските граѓани и пред се доаѓањето на граѓаните од Кина, а потоа и од Европа се создал временски простор за поефикасна превенција против пандемијата.

Пенс ги негираше сите обвинувања во јавноста поради наводната неодговорност на Трамп за спречување на вирусот во САД, и додаде дека претседателот успешно соработува со локалните власти на сојузните држави.

Тој потенцираше дека главната цел на Трамп во овој период на застој е да ја „врати земјата на правилната патека“, а тоа е поддршка на малите бизниси, земјоделството како и на семејствата.

„Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките кој ги потпиша претседателот, да се погрижат за хигената, да мијат раце, да избегнуваат да излегуваат на јавни места и да ја почитуваат социјалната дистанцираност, очекувам наскоро економијата да продолжи со активностите“, додаде Пенс во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат